Макрон за реформата на пензискиот систем: Моето мото е никогаш не се откажуваj

од Vladimir Zorba
107 прегледи

По повод одлуката на Уставниот совет на Франција, која даде зелено светло за непопуларната реформа на пензискиот систем, со која се зголемува старосната граница за пензионирање за две години, францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека неговото мото е „никогаш не се откажувај“.

Макрон се повика на одлуката на Уставниот совет за време на посетата на катедралата Нотр Дам на годишнината од пожарот што го уништи прославениот симбол на Париз, чија изградба започна во 1163 година, а заврши во 1345 година.

Во меѓувреме, Франсоа Руфин, пратеник од левичарската партија ЛФИ, на Твитер ја обвини владата дека го објавила законот за пензиите „како крадци во ноќта“.

Слични содржини