Макрон: Западен Балкан е срцето на Европа

од Nikola Popovski
322 прегледи

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, го истакна Западен Балкан како еден од приоритетите на претстојното француско претседателство со Советот на ЕУ во првата половина на 2022 година.

На прес-конференција во Париз, Макрон рече дека јасна европска перспектива на Западен Балкан, инвестирање во единството на регионот и заедничките амбиции на ЕУ и регионот се она на што треба да се работи во наредниот период.

„Западен Балкан е повеќе од соседство. Балканот е срцето на Европа“, рече претседателот Макрон.

Презентирајќи ги приоритетите на француското претседателство со ЕУ, Емануел Макрон изјави дека Западен Балкан денеска повторно е исполнет со тензии и посочи дека ЕУ има „посебна одговорност“ кога станува збор за овој регион.

„Мораме да водиме политика на повторно ангажирање и инвестирање за економска интеграција на овој регион. Мора да се бориме против манипулацијата на неколку регионални сили кои сакаат да ја дестабилизираат Европа преку Балканот. Политичката и економската работа на Западен Балкан е работа на европските суверенитет“, рече Макрон.

Францускиот претседател предупреди и дека за 50 години нема да може да се зборува за „Европа на мирот“ доколку Западен Балкан „се остави во ситуацијата во која се наоѓа сега“.