128
Франција и другите западни земји не сакаат да ја уништат Русија, изјави францускиот претседател Емануел Макрон.
„Тоа никогаш не беше нашата перспектива во Франција. Освен тоа, имаме многу блиски односи од културна и историска гледна точка. Секогаш сме го почитувале рускиот народ“, нагласи Макрон.
Тој рече дека имал долг разговор со рускиот претседател Владимир Путин и дека постои јасна свест за тоа колку голема нација се Русите, со голема историја, пренесе ТАСС.