224
Францускиот претседател Емануел Макрон во средата во Кишињев изјави дека кандидатурата на Молдавија за пристапување во Европската унија е „совршено легитимна“.
„Франција ќе помогне да се постигне консензус меѓу членките на ЕУ за барањето на Молдавија да се приклучи на блокот на клучниот состанок на Советот следната недела“, рече Макрон на заедничката прес-конференција со молдавската претседателка Маја Санду, пренесува Ројтерс.
Молдавија, која граничи со Украина на исток и со Романија на запад, продолжува со напорите да се приклучи на ЕУ поради стравот да не биде вовлечена во руско-украинскиот конфликт, наведува британската агенција.