Јавно објавување на емисии за цврсти честички кои се испуштаат од производствените оџаци за време на работењето на фабриката, започна Макстил, а резултатите говорат дека емисиите се далеку под дозволената граница.
Имено, според годишните мерења на компанијата, во месеците кога се одвива производство, максималната достигната вредност на емисии на прашина е 0.74 mg/Nm3, што е повеќе од 25 пати под дозволената граница од 20 mg/Nm3.
„Како компанија, изминатите години вложивме големи средства и инвестиции во поставување високо технолошки процеси за контролирање на производството. Максималното намалување на емисиите на прашина во воздухот е приоритет во нашата работа“, посочија од Макстил.
Исто така, од таму велат дека погонот Челичарница немаше никаков производствен процес во февруари, мај, јуни, август и ноември годинава, а во останатите месеци работеше просечно по 15 дена во месецот.