Макстил одбележа 25 години постоење и работа

од Stefanija Kuzmanovska
335 прегледи

Со акцент на досегашните инвестиции и со дефинирана стратегија за понатамошниот развој на компанијата, Макстил одбележа 25 години работа и производство на македонскиот пазар со мултимедијален перформанс во присуство на голем број гости, партнери, соработници, колеги од земјава и од странство.

Макстил претставува лидер во металуршката индустрија, со учество во нето извозот на државата од 1% и во вредноста на БДП со 0,3 отсто. Како извозно ориентирана компанија своите производи ги пласира на светските пазари. На домашниот пазар е позната преку првиот проект за циркуларна економија како и прва компанија што започна со јавно објавување на податоците за емисии во воздухот и компанија најголем еднократен донатор во јавното здравство.

Според претседателот на Одборот на директори, Димитар Цветковски досегашниот успех на Макстил е резултат на континуиран инвестициски циклус .

„Овие 25 години поминаа во знак на инвестициите и континуирано подобрување и модернизирање на Макстил. До сега инвестирани се преку 120 милиони евра а само во последните 5 години инвестирани се 25 милиони евра за унапредување и осовременување на производните и технолошките процеси преку замена на застарените технологии со нови, со што се постигна зголемување на инсталираниот капацитет, унапредување на стандардите за работа и животна средина како и зголемување на безбедноста при работа за сите вработени. Имаме нова инвестициска програма за следните неколку години, во износ од преку 20 милиони евра“, истакна Цветковски.

Безбедноста при работа и континуираното подобрување на работните услови остануваат највисок приоритет како и до сега и во овој дел во последните пет години во Макстил беа вложени повеќе од 2 милиони евра, при што десеткратно беа намалени повредите при работа.

„Силата на нашата компанија е во нашите вработени, во нашиот тим, во големото семејство на Макстил. Успехот е многу поблиску кога се има добар тим, тим кој покажа што знае и умее во тешкиот период зад нас и за кој сум сигурен дека со уште поголем елан е подготвен да се справи со предизвиците пред нас“, потенцираше Цветковски во своето обраќање на свеченоста.

Слични содржини