Макстил: Повреден вработен во погонот Челичарница

од Nikola Popovski
344 прегледи

Во текот на редовното работење во трета смена во погонот Челичарница е повреден еден вработен, информираа денеска од компанијата „Макстил“.

„На вработениот веднаш му е пружена прва помош и е пренесен во Ургентниот центар на Универзитетската клиника за понатамошен третман. Тој е вон животна опасност“, стои во соопштението на компанијата.

Според нив, случајот е пријавен во надлежните институции чии екипи излегоа веднаш на самото место на настанот.

„Макстил АД по итна постапка формираше комисија за детална интерна истрага за утврдување на околностите под кои настанал инцидентот и повредата, како и за одговорноста за истите“, велат од компанијата.

 

Слични содржини