Макстил со дваесет пати под минималните дозволени емисии на цврсти честички во првите три месеци

од Vladimir Zorba
310 прегледи

Дваесет пати пониска емисија на цврсти честички од најниската дозволена граница кои се испуштаат во воздухот при производниот процес на Макстил, покажува извештајот од мерењето во првите три месеци од годината. Во месеците јануари, февруари и март кога компанијата е во полна оперативност, емисиите на прашина се движат од 0,59 до 1,11 mg/Nm3, а најниската дозволена гранична вредност е 20 mg/Nm3.

Ова е втор извештај откако Макстил како општествено одговорна компанија започна со јавно и транспарентно објавување на емисиите на цврсти честички кои се испуштаат од оџаците на фабриката за време на производниот процес. Претходниот годишен извештај објавен во декември, исто така, покажа дека емисионите вредности од компанијата се далеку пониски од дозволените. Во истиот период мерењата на станицата Гази Баба, која е во надлежност на Министерството за животна средина, покажа дека највисоките нивоа на просечни дневни концентрации на цврсти честички помали од 10µm PM10, се забележани во деновите и во периодот кога производниот погон Челичарница на Макстил воопшто не работел.

Емисиите од Макстил се значително помали од дефинираните гранични вредности во А-интегрираната еколошка дозвола, како и значително пониски од пропишаните европски гранични вредности, што е резултат на обемните инвестиции од страна на компанијата во високо технолошки процеси за контролирање на производството.

Слични содржини