Максути: Уставните измени се неизбежни и мора да се случат

од Destan Jonuzi
557 прегледи

„Две-три фотографии објавени во јавноста не се докази дека Ислам Абази новиот шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ќе биде под влијание на одредена политичка партија“, вели во кратко интервју за „Локално“, Д-р Мерсим Максути – професор на Правниот факултет на Универзитетот во Тетово.

Според него уставните измени се неизбежни и мора да се случат, но останува нејасно како ќе се стигне до таму.

– Очекувам преку организирање на предвремени избори да се најде решение за оваа политичка и уставна криза, потенцира Максути.
Тој не верував дека соседната Бугарија ќе има дополнителни барања за промена на нашиот Устав, освен воведување на категоријата Бугари, бидејќи, како што нагласи, фазата на можни уставни измени што беше предвидена беше затворена.

Изборот на Ислам Абази за шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција предизвика низа реакции во јавноста, од тоа што самиот процес на селекција мора да се адаптира и да предвиди некои дополнителни критериуми, неговата поврзаност со лица од редовите на ДУИ- и обвинувања за политизација на изборот. Зошто сите овие реакции? Дали има етнички мотиви или забелешките се суштински?

Две-три фотографии објавени во јавноста не се докази дека Ислам Абази новиот шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ќе биде под влијание на одредена политичка партија. Јавноста веќе знае дека тој е од истото родно место со лидерот на ДУИ, Али Ахмети и неговото семејство, така што поради други причини и моменти во животот луѓето можат да се дружаат.

Ниту една законска норма не предвидува дека во вакви ситуации не може да биде можен негов избор на оваа функција. Згора на тоа, неговиот избор доаѓа од мнозинството негови колеги Македонци, Албанци и други колеги и ова е уште еден факт што говори за неговата досегашна работа, довербата што ја создаде. Морам да признаам дека и ова може да има мала доза на етничка нетрпеливност, бидејќи до денес немавме ниту еден Албанец што го водел ова важно тело. Сведоци на слична ситуација бевме и при изборот на претседател на Собранието. Мора да чекаме и да видиме колку достоинство и професионалност ќе ја водите оваа институција.

Уставните измени сега се топ тема на политичката сцена. Дали очекувате да се случат? Што ако опозицијата ја постигне целта да ги блокира?

Уставните измени се неизбежни и мора да се случат, но останува нејасно како ќе се стигне до таму. За ова и самата ВМРО-ДПМНЕ е многу убедена дека тоа е неповратен процес, но си игра своја политичка игра што можам да има корист од оваа ситуација, а од која може да ја одведе државата до предвремени избори. Опозицискиот лидер многу добро знае дека европската преспектива на државата е над интересите на секоја политичка партија.

Дали предвремените парламентарни избори можат да бидат компромис меѓу власта и опозицијата за уставни измени?

Очекувам преку организирање на предвремени избори да се најде решение за оваа политичка и уставна криза. Пред да се реши ова крупно прашање за државата, треба да се отворат сите можни законски опции кои овозможуваат одобрување на уставните измени и олеснување на патот на веќе започнатиот евроинтегративен процес.

Освен вклучувањето на Бугарите во Уставот, дали Бугарија ќе има и други барања за кои ќе бидат потребни уставни измени?

Не верувам дека соседната земја Бугарија ќе има дополнителни барања за промена на нашиот Устав, освен воведување на категоријата Бугари, бидејќи фазата на можни уставни измени што беше предвидена беше затворена. Другите прашања ќе се уредуваат со други акти!

Дали за време на патувањето кон ЕУ уставот на државата ќе претрпи други измени?

Друга Уставни измени треба да биде и отстранувањето на категоријата „20%“ што има врска со Албанците, затоа што на крајот оваа промена не го менува Уставот во неговата содржина, туку е од формален карактер на националниот идентитет на едена од двете поголеми заедници кои ја формираат оваа заедничка држава. Македонскиот народ мора да го прифати фактот дека Албанците се лојални луѓе на оваа земја и имаат свои заслуги и посебен придонес во градењето на државата и споделувањето на судбината заедно со Македонскиот народ.

Д.Ј.

Слични содржини