Со децении Франција и Германија одеа рака под рака – во добри и во лоши денови. Сега сепак бегалската криза е на пат да ги скара.

Тргна ли да светкаат фалби на адреса на германско-француските односи, значи дека нешто не е во ред. “Меѓу Германија и Франција владее едномислие”, увери во понеделникот портпаролот на германската влада Штефен Зајберт. Истиот ден првиот француски дипломат утврди врските со Германија како “витални”.

0,,18669499_303,00

Многу пофалби за еден сосема обичен понеделник. Всушност само малку пред тоа, францускиот премиер Мануел Валц вложи доста напор за да се создаде впечаток дека разликите меѓу Париз и Берлин се премногу големи. Во Минхен тој рече дека Франција не сака повеќе да учествува во распределбата на бегалците во целата ЕУ, што беше идеја на германската канцеларка Меркел.
Мал семеен спор?

“Во моментов немаме заедничка линија, не одиме по заеднички пат”, признава германскиот пратеник од ХДЗ Андреас Јунг, кој е и претседател на Германско-француската парламентарна група. Тој потсетува дека правото на азил е Паневропска вредност, а не основен принцип само во Германија. И според него ќе биде голема грешка ако Европа се исплаши од десните популисти и ги остави зад себе своите принципи. “Не прифаќаме повеќе бегалци? Тоа едноставно не може да е позицијата на една држава како Франција”, дополнува Јунг.

Дали е ова крај на бракот на капитализмот и Господ?

Овој четврток во Брисел започнува самитот на европските лидери. Ангела Меркел се надева дека во рамките на оваа средба ќе се донесе одлука за зајакнување на надворешните граници на Заедницата, како и дека лидерите ќе се обидат да се договорат околу механизмот за распределба на бегалците меѓу земјите од ЕУ. Можно ли е, сепак тоа без поддршката на Франција? “Кога недостасува заедничка германско-француска позиција на некое прашање, многу е тешко да се дојде до решение. Особено кога идеите или предлозите се многу оспорувани”, признава Ајлин Келер од Германско-францускиот институт во Лудвигсбург.

“Меѓу Париз и Берлин има едномислие по две прашања”, вели таа за Дојче Веле. “И двете страни сметаат дека има потреба од зајакнување на контролата на надворешните граници на ЕУ – ова прво. И второ – на Турција треба да и ‘се помогне финансиски, за да започне таа да ги запира бегалците, кои тргнале кон Европа.”

По кого пука Валц?

Француската европратенички Силви Гулар е загрижена за француско-германските односи. Според нејзе, не било многу мудро од страна на францускиот премиер да ја напаѓа така отворено германската канцеларка. “Во минатото сите спорни прашања меѓу Германија и Франција се решаваа некако повеќе во домот, со други средства”, вели таа.

Можно е сепак далекиот удар на францускиот премиер да не бил насочен кон германската канцеларка, туку кон претседателот Франсоа Оланд. Многумина гледаат во Валц можен наследник на Оланд. А задачата на премиерот е да наоѓа начини почесто да присуствува во водечките наслови на медиумите.

Слични содржини