Мала победа за Асанж во Лондон: Ќе може да ја продолжи борбата против екстрадицијата во САД

Двајцата судии на Високиот суд, леди Викторија Шарп и Џастис Џонсон, одлучија дека адвокатите покажале оти Асанж има одржлив случај и дека треба да добие можност да го презентира на целосно сослушување за жалбата.

од Бети Божиноска
148 прегледи

Високиот суд во Лондон одлучи денеска дека основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, ќе може да поднесе жалба против екстрадицијата во САД но само ако САД и Велике Британија не успеат да ги птиложат до судот потребните гаранции, пренсува „Гардијан“.

Ако на Асанж му беше одбиено барањето, тој можеше да биде екстрадиран во рок од неколку дена за да се соочи со обвинувањата за шпионажа во САД.

По дводневниот претрес, лондонскиот суд пресуди во корист на Асанж, кој веројатно ќе може да продолжи да ја оспорува одлуката за екстрадиција во САД пред британските судови. Во текот на претресот, неговите адвокати тврдеа дека обвиненијата против Асанж и „Викиликс“ се политички мотивирани, а со тоа и барањето за екстрадиција е незаконско.

Двајцата судии на Високиот суд, леди Викторија Шарп и Џастис Џонсон, одлучија дека адвокатите покажале оти Асанж има одржлив случај и дека треба да добие можност да го презентира на целосно сослушување на жалбата.

Двајцата судии ѝ дадоа на владата на САД рок од три недели да обезбеди гаранции дека Асанж може да се потпре на Првиот амандман на американскиот Устав (кој ја штити слободата на говорот), дека нема да има предрасуди при судењето или казна поради неговата австралиска националност, ниту пак ќе биде осуден на смрт ако биде прогласен за виновен по обвиненијата.

Тие, сепак, судиите отфрлија и некои основи од жалбата, вклучително и аргументите на Асанж дека бил кривично гонет поради неговите политички ставови.

Следното рочиште на Асанж е закажано за 20 мај, под услов страните да ги достават потребните документи.

Зборувајќи пред Високиот суд по изрекувањето на пресудата, сопругата на Џулијан Асанж, Стела,  изјави дека е шокирана од одлуката на судот да ја одложи жалбата на нејзиниот сопруг. Таа ги потсети луѓето дека Асанж е затворен во затворот „Белмарш“ речиси пет години без обвинение, додавајќи дека пресудата нагласува дека Асанж „останува изложен на смртна казна“.

„А што она што го направија судовите е “повик“ за политичка интервенција од САД. Сметам дека ова е шокантно“, додава таа.

На крајот на февруари беа завршени рочиштата во Лондон на кои се разгледуваше жалбата на Асанж против одлуката на британските власти да го екстрадираат во САД.

Претходно минатата недела, „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на извори во американското Министерство за правда, објави дека Асанж можеби нема да биде екстрадиран во САД и дека Вашингтон ја разгледува можноста тојда се изјасни за виновен за помало кривично дело.

Американското Министерство за домашна безбедност, наводно, размислува да му дозволи на Асанж да се изјасни за виновен за погрешно постапување со доверливи информации, што може да резултира со негово ослободување од британскиот затвор и да избегне екстрадиција, пишува американскиот весник.

САД бараат екстрадиција на Асанж поради објавувањето на тајните воени досиеја во 2010 и 2011 година, а Врховниот суд во Обединетото Кралствоодлучи дека Асанж треба да биде екстрадиран, отфрлајќи ги тврдењата дека тој би можел да изврши самоубиство во американски затвор поради лошата ментална состојба.

Асанж во САД е обвинет за 17 точки за шпионажа, а ако биде прогласен за виновен, според неговите адвокати, може да се соочи со затворска казна до 175 години.

Во 2010 година, порталот на Асанж „Викиликс“ објави видео од американската армија, на кое се гледаат десетици луѓе убиени во напад на хеликоптери „апачи“ во Багдад во 2007 година, меѓу кои и двајца новинари на „Ројтерс“.

 

 

Слични содржини