447
Политичкиот аналитичар Самоил Малчевски не се сложува дека Владата е нова.
-Повеќето од имињата веќе се дел од Владата во овие 5 години и се директни причинители на лошата економска состојба. Оваа Влада не задолжи веќе 2,4 милијарди евра. БДП порасна за 1,7 милијарди евра. Имаме многу непродуктивни трошења, кажа Малчевски во емисијата „24 анализа“.
Според него, минималната плата и просечната плата во една држава треба да расте и тоа никој не може да го спори, но мора да се биде внимателен во однос на Буџетот.
-Имаме 5,2 % помал БДП од 2020. Владата избрза со зголемувањето на минималната плата. Мора да се предвидат сите буџетски импликации. Владата си ја крши мерката според моите информации, смета Малчевски.