336
„Каде ја гледате промената во СДСМ. Кој од овие луѓе се нови во политиката“, вака ги коментира промените во раководството на СДСМ, професорот Самоил Малчевски за емисијата „24 анализа“.
Тој наведе дека направил проверка на листата што била објавена и воочил дека има само две нови девојки, кои претходно не се занимавале со политика.
„Сите други се или министри или директори. Тие завчера кажаа дека две третини се нови кадри, што во принцип значи 66 проценти. Кога ќе видите дека само 2 од 24 се нови во Извршниот одбор, тоа се само 8 проценти. Се ми наликува на веќе видена приказна, односно евтина политичка пропаганда“, вели Малчевски.