Малезиец преживеа пад од 8-ми кат

од Vladimir Zorba
61 прегледи

Жител на Малезија падна од 8-ми кат на станбена зграда и помина само со модринки и гребнатинки.manfell8thfloor0906e

Инцидентот се случил во државата Пинанг. Мажот кој поставувал рекламен  панел врз ѕидот на зградата, одеднаш паднал, се пробил низ покривот на гаражата подолу, но останал жив. Го спасила токму гаражата, чиј покрив го омекнал ударот.

“Беше едноставно неверојатно. Лежеше на земјата и плачеше. Но очигледно ништо не му веше штом заѕвони на мобилен телефон на татка си, а потоа и на Брза помош. Потоа дојде брза помош и го однесе”, раскажува очевидец.

Идентитетот на среќлијата не е пријавен. Според мислењето на жителите во блокот тој можеби не паднал случајно, туку страдал од депресија и направил обид да се самоубие. Ако тоа се потврди, го очекуваат парична казна или дури и затвор до 1 година, бидејќи во Малезија обидот за самоубиство се смета за кривично дело.