Малезија ги обвини западните туристи, кои се искачиле на една од најсветите планини во земјата, за предизвикување на последниотземјотрес кој уби 16 лица, пишува “Индипендент”.
Според полицискиот извештај обвиненија се поднесени против неколку странски државјани.Членовите на локалната заедница Сабах на островот Борнео ги обвинуваат туристите за “лудориите” , кои “ги налутиле духовите на планината”.
Земјотресот со јачина од 5,9 степени по Рихтер беше регистриран во близина на планината Кинабалу, каде што туристите се снимале голи на врвот. Меѓу странците имало двајца Канаѓани, двајца Холанѓани и еден германски државјанин, кои се одвоиле од групата за да се сликаат голи. Фотографиите подоцна се појавија во социјалните мрежи.