27
Министерот за дигитална технологија на Малезија, Гобинд Синг Део, изјави денеска дека Малезија загубила вкупно 700 милиони долари поради онлајн измами што им наштетиле на повеќе од 95.800 луѓе помеѓу 2021 и април 2024 година.
Синг Део истакна дека бројот на измамени луѓе може да биде поголем, бидејќи многумина можеби не пријавиле ништо до властите, пренесува ВНА.
Зборувајќи на потпишувањето на неколку меморандуми за разбирање помеѓу CyberSecurity Malaysia (CSM) и Digital Economy Corporation, Синг Део рече дека случаите поврзани со измами се значително зголемени.