Здружениeто за заштита на животните и животната средина “Мали Херои” и “Фондација Бибевски” испратија претставка до сите институции да се покрени истрага и откривање на сторителот кој ги труе ѓивотните низ градот.
-Во врска со масовното органиизрано расфрлување на отровни супстанции на територија на Општина Битола (школски дворови, детски паркови, плоштади) ние Здруженијата за заштита на ЖИВОТНИТЕ и ЖИВОТНАТА СРЕДИНА “Мали Херои” и “Фондација Бибевски” испративме претставка до сите институции да се покрени истрага и откривање на сторителот на оваа кривично дело.
БАРАМЕ сторителот да се пронајди и да се гони за прекршување на КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК НА РМ по
1.Член 288 Предизвикување општа опасност;
2.Член 232 Внесување опасни материи во земјата;
3.Член 233 Мачење животни), Законот за јавен ред и мир, како и Законот за заштита и благосостојба на животните.
Истата претставка е доставена до:
– МВР Битола, која излезе на терен и направи увид на лице место каде што беше пронајден примерок (храна со поставената сомнителна материја),;
– ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО – БИТОЛА;
– ОПШТИНА БИТОЛА (Одделение за комунални дејности и Одделение за заштита на животна средина)
– МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА
– Агенција за Храна и Ветеринарство АХВ СКОПЈЕ
– АХВ Битола
Очекуваме истите да се заложат и да постапат според своите обврски надлежности и ингeренции и конечно да се најдат сторителите на ова нехумано и кривично дело и истите да одговараат пред лицето на ПРАВДАТА.
Во исчекување на нивните одговори кои се обврзани да ги достават повратно во определен законски рок, а за истите ќе бидете јавно известени преку наше СООПШТЕНИЕ, велат од здружението.