Малините го спречуваат ракот?

од Milan1
28 прегледи

Еден од пет луѓе ќе развијат рак во текот на својот живот. Иако денес постојат многу терапии за борба против болеста, милиони луѓе сè уште умираат од рак: според податоците на СЗО, десет милиони ширум светот само во 2022 година.

Во исто време, постојано се тврди дека ракот може да се спречи со јадење одреден вид на храна. Тимот за проверка на фактите на „ДВ“ подетално погледна едно од тие тврдења и ја истражи улогата што исхраната ја игра во превенцијата од рак.

Во видеото, Патрик Квилин, американски автор и нутриционист, тврди дека црните малини се „вистински лек“ и дека го спречуваат ракот. Објавеното видео е всушност дел од документарниот серијал наречен „Вистината за ракот – глобално пребарување“. Таму, меѓу другото, се претставени наводно природни лекови за рак, но се критикуваат и фармацевтските компании како машини за правење пари.

Квилин тврди дека црните малини се особено полни со таканаречени антоцијани и антиоксиданси кои наводно гарантираат дека клетките на ракот се уништуваат себеси.

Дали црните малини ги убиваат клетките на ракот?

„Има многу различни секундарни растителни материи во овошјето, зеленчукот и салатите кои се здрави“, објаснува за ДВ Јута Хибнер, професор по интегративна онкологија на Универзитетот во Јена во Германија.

Сепак, крајно е погрешно да се тврди дека одредени видови храна дефинитивно можат да го спречат ракот.

Недостасуваат научни студии за луѓето.

Студиите кои се спроведуваат исклучиво во лабораторија и во кои, на пример, може да се користат одредени вештачки концентрации на состојки, но и експерименти врз животни, покажуваат дека малините имаат антиоксидантни и антиинфламаторни својства кои можат да ги убијат клетките на ракот.

Но, тие студии не можат да се реплицираат едно по едно на човечкото тело, вели Хибнер.

„Имаме различен метаболизам и различни процеси на екскреција“, објаснува германскиот професор и додава дека прво треба да се најде специфична, поднослива доза на поединечните активни состојки. Покрај тоа, многу е тешко да се спроведат соодветни човечки студии.

Таквите студии тогаш би требало да траат десет до дваесет години, во текот на кои луѓето не би јаделе еден одреден вид овошје. И токму тоа е проблемот: во едно истражување кое трае неколку години, луѓето би јаделе и друга храна и тогаш не би можело јасно да се процени дали консумирањето црни малини или некоја друга храна влијае на можна појава на рак.

Слични содржини