Ангус Т.Џонс или Џејк кој се прослави како 10-годишник во улогата на Џејк Харпер во хумористичната серија „Два и пол мажи“ во која глумеше заедно со Чарли Шин, денес е непрепознатлив.
Публиката го памети и по филмовите „Џорџ од џунглата 2“, и „Симпатико“.
Ангус Т. Џонс беше виден во Лос Анџелес во вторникот во донекаде занемарено издание со долга брада и црна маица и шорцеви, а на главата носеше капа со која претходно беше фотографиран неколку пати и со очила, пишува „Тпортал“.
Тој привлече големо внимание во јавноста кога ја напушти хит -серијата на Си-Би-Ес „Два и пол мажи“ во 2012 година, поради која сега има богатство од 20 милиони долари.
Тој ја нарече серијата „нечистотија“ што се судирала со неговите христијански принципи и ги повика фановите да не ја гледаат повеќе.
„Глумам во таа серија, но не сакам да бидам во неа. Ве молам престанете да ја гледате и да ја полните главата со тоа ѓубре. Ако ги знаевте ефектите врз вашиот мозок, верувам дека веднаш ќе престанете да гледате таква содржина. Не е возможно да се биде навистина побожна личност во исто време и да се учествува во таква серија. Тоа целосно е во спротивност со она што ме учи Библијата“, рече тогаш Џонс.
Тој неодамна за „People“ откри дека бил вклучен во разни верски организации во последните три години.
Тој, исто така, призна дека се уште сака глума и дека се надева дека ќе ја оживее кариерата во Холивуд „под свои услови“.