Во Франција 719 лица беа уапсени за време на петтата ноќ на насилство, по смртта на тинејџер кој беше застрелан од полицаец во вторникот, се вели во привремениот извештај на Министерството за внатрешни работи.
Повредени се 45 полицајци и жандарми, опожарени се 577 возила и 74 објекти, а на јавните патишта евидентирани се 871 пожари, додаваат од Министерството.
Благодарение на распоредувањето на 45.000 полицајци и илјадници пожарникари, тоа беше „помирна ноќ“ од претходната, објави Министерството на Твитер.
Претходно министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин на Твитер објави дека се уапсени 420 лица.
Нередите се предизвикани од смртта на 17-годишниот Нахел, кој беше убиен од полицаец при сообраќајна контрола.
На полицаецот осомничен за убиство на тинејџер му е одреден притвор и се соочува со прелиминарна истрага за убиство од небрежност.