Поранешната американска државна секретарка Медлин Олбрајт почина денеска на 84-годишна возраст од рак. Иако нејзината биографија е позната низ целиот свет, малкумина го знаеја нејзиното вистинско име.
Олбрајт е родена на 15 мај 1937 година во Прага како Мари Јана Корбелова.
Името „Медлин“ е француска верзија на чешкиот прекар „Медлинка“ што и го дала нејзината баба. Олбрајт официјално добила ново име кога заминала на училиште во Швајцарија.
Таа емигрирала во САД од Чехословачка со своето семејство во 1948 година. Таа стана американска државјанка во 1957 година, а по дипломирањето во мај 1959 година, се омажи за новинарот од Чикаго Џозеф Олбрајт и со него имаше три ќерки, близначките Ен, Елис и Кејти.
Докторирала на Универзитетот Колумбија во 1975 година.
Во 1996 година, Олбрајт дознала дека нејзините баба и дедо биле убиени во Холокаустот. Според неа, за своето еврејско потекло дознала дури како возрасна, на 59-годишна возраст.
Работела за поранешните сенатори Едмунд Маски и Збигњев Бжежински во Националниот совет за безбедност.
Медлин Олбрајт беше централна фигура во администрацијата на Бил Клинтон, прво како американски амбасадор во Обединетите нации, а потоа и главен дипломат на администрацијата во неговиот втор мандат како претседател на САД.