Малолетниот фински хакер Џулиус Кивимаки добил две години затвор условно, соопшти The Daily Dot со упатување на финскиот весник Kaleva. 17-годишниот Кивимаки, познат под псевдонимот zeekill, е прогласен за виновен во извршувањето на 50 700 кривични дела на Lizard Squad, чиј член бил тој.
Освен тоа судот го обврзува “да се бори со криминалот”, но не е прецизирано како. Личноста на Кивимаки е откриена од пишувач на темате за информациската безбедност, американскиот новинар Брајан Кребс кон крајот на 2014 година. Тој претпоставил дека Кивимаки е токму овој член на групата Lizard Squad, кој дал интервју за каналот Sky News.
Набргу по излегувањето на објавата на Кребс, финскиот хакер е уапсен. Интервјуто излегло неколку дена откако Lizard Squad престана со работата на PlayStation Network и Xbox Live од Microsoft во пресрет на католичкиот Божиќ.
Во интервјуто хакер под псевдонимот, Рајан раскажува дека нападот спрема двата системи покажал колку тие не се заштитени. Според информациите на финскиот весник Kaleva, според образложението за одлуката на судот, Кивимаки ги извршил првите дела на само 15 години.