Малолетен мотоциклист загина во сообраќајка

од Destan Jonuzi

Четиринаесетгодишен мотоциклист од село Заполжани во општина Долнени  денеска загинал во сообраќајна несреќа  во која учествувало и патничко возило „опел астра“, што го управувал 18-годишен жител од истото село.

Како што соопшти МВР во полицискиот билтен, несреќата помеѓу мотоциклот „шинерај“ и возилото „опел астра“, и двете со прилепски регистарски ознаки, се случила  околу 13.40 часот во долненското село Новоселани.

Малолетниот мотоцклист од добиените повреди починал на местото на несреќата. Лекар констатирал смрт, а увид извршила увидна екипа од ОВР Прилеп.

МВР соопшти дека возачот на автомобилот, В.Р.(18), го напуштил местото, но набргру бил пронајден и приведен.

Слични содржини