183
Малолетничка со изгореници по грбот и нозете била итно донесена во Ургентниот центар откако било пријавено дека добила струен удар од жиците поставени над вагон од воз.
Во 13.41 часот во СВР Скопје било пријавено дека на железничка Станица-Маџари, над еден од вагоните, дошло до струен удар, при што со повреди се здобила 17 годишна малолетничка, соопштуваат од МВР.
Девојчето е сместено на одделението КАРИЛ и е во свесна состојба.
Од неофицијални извори до несреќата дошло откако малолетничката се качила на вагонот во обид да сними видео за социјалната мрежа Тик-ток.
Истрагата за несреќата сè уште е во тек.