Малолетничка силувана од 17 годишник и физички нападната од две возрасни лица

од Milan1
50 прегледи

СВР Велес до Основното јавно обвинителство Велес денеска поднесе кривична пријава против 17-годишник со привремено престојувалиште во Велес поради постоење на основи за сомнение за сторени две кривични дела „грабнување“, казниво по член 141 од Кривичниот законик и „полов напад и силување“ на малолетничка казниво по член 186 од Кривичниот законик и против К.Е.(39) и А.Е. (46-годишна), двајцата со привремено место на живеење во Велес, поради постоење на основи за сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“, казниво по член 130 ст.2 од Кривичниот законик.

– Во текот на месец мај годинава, малолетникот против нејзината волја однел во својот дом во Велес 17-годишна малолетничка од Скопје, каде во текот на два месеци во неколку наврати имал сексуален однос со неа, а К.Е. и А.Е. во неколку наврати физички ја нападнале, информира попладнево портпаролот Билјана Ѓаковска.

Тие се лишени од слобода и по документирање на случајот, поднесена е кривична пријава.

Слични содржини