2,K
По десет дневна истрага, откриени се сторителите кои напишале неколку графити со заканувачка и навредлива содржина на етничка основа во Гостивар.
Од СВР Тетово информираат дека Полициски службеници од ОВР Гостивар извршиле службен разговор со тројца малолетници од Гостивар. Тие, по преземени мерки и активности беа идентификувани дека на 10.07.2023 на четири станбени згради и трафостаница на улиците „Мара Угринова” и „Гоце Делчев” во Гостивар испишале неколку графити со заканувачки содржини.
-Во текот на разговорите, тројцата малолетници го признаа делото, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде изготвен соодветен поднесок, наведуваат од СВР Тетово.