97
Нов случај на врсничко насилство денеска во Скопје. Нападнато, ограбено и снимано девојче во скопско Ѓорче Петров.
– Денеска во 01.25 часот во СВР Скопје, И.Б.(41) од Скопје пријавила дека на 05.02.2025 околу 21.00 часот во парк на подрачје на Ѓорче Петров, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од две малолетнички и еден малолетник, кои притоа ѝ одзеле чантата со пари, мобилен телефон и други лични работи, додека пак друг малолетник снимал со мобилен телефон, информираат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.