55
Сите четворица малолетници, кои вчера беа примени на Клиниката за токсикологија со тешка здравствена состојба, се во свесна состојба и со стабилни витални параметри, изјави директорот на Клиниката, Андон Чибишев.
Докажано е присуство на психоактивни супстанци кај децата, но нема присуство на алкохол или посериозни повреди.
Малолетниците остануваат на Клиниката за токсикологија за понатамошно лекување и надзор, додека истрагата за расчистување на случајот продолжува. Тие беа пронајдени во безсознание во куќа во Скопје.