Малолетник нападнат на автобуска постојка

од Берта Китинска
247 прегледи

42-годишна жена од Скопје пријавила дека нејзиниот малолетен син бил нападнат од три лица на автобуска постојка.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека скопјанката го пријавила случајот вчера (26.10.2022) во 15.40 часот во СВР Скопје. Имено, пријавила дека претходниот ден (25.10.2022), околу 16.10 часот, нејзиниот малолетен син, на автобуска постојка во с. Мирковци, скопско, бил физички нападнат од три лица.

Полицијата работи на расчистување на случајот.

Слични содржини