Малолетник ограбил аптека

од Nikola Popovski
395 прегледи

МВР информира дека вчера вечер на подрачје на Бит Пазар од полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар е лишен од слобода малолетник од Скопје.

Како што утврдила полицијата, тој извршил кривично дело „разбојништво“ казниво по чл. 237 од Кривичниот законик, кога во аптека во Скопје со закана со остар предмет ја нападнал вработената и одзел пари.

-Разбојникот е приведен и поднесена е кривична пријава и од страна на судија му е изречена мерка притвор, по што е спроведен во Казнено поправна установа Затвор Скопје. Парите се вратени на оштетената, стои во полицискиот билтен.

Слични содржини