202
МВР информира дека малолетник со мотор удрил во двајца пешаци во Куманово. Од таму велат дека несреќата се случила вчера попладне на крстосницата од бул. Октомвриска револуција и ул. Иво Лола Рибар кога мотоцикл „педа“, со кумановски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Куманово, удрил во пешакот Ж.С.(46) и уште еден малолетен пешак, двајцата од Куманово.
-Во незгодата Ж.С. се здобила со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово, додаваат од ресорното министерство.