674
МВР информира дека бил регистриран физички напад на булеварот „Џон Кенеди“ во Чаир.
Според полицијата, вчера попладне во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ бил донесен малолетник со телесни повреди од остар предмет.
-По преземени мерки било констатирано дека настанот се случил околу 16.00 часот на ул.„Џон Кенеди“, а малолетникот бил повреден од друг малолетник поради расправија за девојка, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.