Германските трговци на мало ја завршија првата половина од 2022 година со најголем пад на годишната продажба во последниве речиси три децении, откако инфлацијата, војната во Украина и пандемијата на коронавирус го земаат својот данок, покажуваат најновите статистички податоци.
Во јуни, продажбата на мало опадна за 8,8 отсто во реални услови во однос на истиот месец минатата година, што е најголем пад од водењето на евиденцијата во 1994 година, објави Федералното биро за статистика, Destatis.
Прометот во трговијата на мало изненади и со реален пад во јуни од 1,6 отсто во однос на мај, бидејќи аналитичарите очекуваа зголемување од 0,2 отсто.