2,5K
На Оскаровецот, австралискиот актер Расел Кроу, му беше посветена чоколадна статуа Гладијатор, направена по филмскиот лик на гладијаторот Максимус, која Кроу ја толкуваше и доби Оскар за таа улога.
Оваа чоколадна статуа е направена за 13-тиот фестивал на чоколадата, кој секоја година се одржува во градот Хамрун во централниот дел на Малта, а минатата година привлече 25.000 посетители, пишува лондонски Гардијан.
„Некои луѓе добиваат статуи во бронза, а некои во мермер. Ме направија во Малта од…чоколадо“, напиша Кроу на својата сметка на платформата Х (Твитер) и им порача на своите фанови дека ќе им биде достапен „да го пробаат“, пишува лондонскиот весник.