261
Македонската асоцијација на новинари (МАН) ги повикува сите медиумски работници кои немаат сопствен превоз, да се пријават на емаилот [email protected] заради евиденција за организиран превоз за ревакцинација против Ковид-19 во Врање.
Рокот за пријавување е најдоцна до утре, недела, 13 јуни 2021 година до 19.00 часот. Ревакцинацијата ќе биде на 15 јуни 2021 година, во Врање, во Заводот за јавно здравје, но постои можност, кој сака, да се ревакцинира и во спортката сала во Врање.
Потребно е со себе, освен документ за лична идентификација, да се носи и потврдата за вакцина која медиумските работници ја добија на 23 февруари 2021 година, при примањето на првата доза.