Манасиевски: УМС му спреми на директорот на ФЗОМ топка и кофички за на убавите песочни плажи (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
181 прегледи

Додека здравствените работници скоро два месеца не можеа да земат плата, додека системот на податоци беше хакиран, додека пациенти секојдневно умираат поради неспособноста на власта за купување на лекови, додека млади лекари си заминуваат на работа во странство, директорот на ФЗОМ во ова време невреме заминал на одмор во САД,изјави на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

„Затоа, ние како УМС на ВМРО-ДПМНЕ, денеска спремивме едно пакетче за директорот. Лежалка за да одмори, топка и сет кофички и лопатки за да игра на убавите песочни плажи и да не му здосади одморот, гума за пливање за кога ќе одлучи да се излади во водите на Атлантикот да не забега кон длабокото и да го загубиме и за крај чадор и крема за сончање за да не му изгори кожата бидејќи неговата кожа е поскапа од кожата на македонските граѓани“, додаде Манасиевски.

Слични содржини