Манчестер Јунајтед: Го донесовме Лисандро Мартинез!

од Stefanija Kuzmanovska

Ерик Тен Хаг полека гради сериозен тим за новата сезона.

Најновото засилување на Манчестер Јунајтед е Лисандро Мартинез, сега е и официјално, бидејќи потпиша петгодишен договор.

Тие се огласија и на официјалниот сајт на клубот.

„Манчестер Јунајтед со гордост објави дека е постигнат договор со Ајакс за трансфер на аргентинскиот дефанзивец Лисандро Мартинез“, се наведува на клупската веб-страница.

Според последните информации со кои располага Sky Sport, трансферот изнесува 57 милиони евра фикснo, плус 10 милиони евра преку бонуси.

Ова момче има 24 години, игра и за аргентинската репрезентација, а во Ајакс дојде од Дефанс и Хустисија.

Слични содржини