Манчестер Јунајтед побарал информации за Тиаго Мота

од Vladimir Zorba

Да не му се случеше на европскиот фудбал Чаби Алонсо со идниот шампион на Германија, Баер Леверкузен, сигурно повеќе ќе се зборуваше за работата што Тијаго Мота ја работи во Болоња.

Сепак, Бразилецот се уште е во центарот на вниманието, особено на клубовите кои размислуваат за промена на тренерот следното лето, а меѓу најпознатите секако се Јувентус и… Манчестер Јунајтед.

На Апенините со недели се пишуваше за интересот на Јуве за младиот тренер на Болоња, моментално четвртопласираната екипа во Серија А со сериозни шанси за пласман во Лигата на шампионите, но оваа недела на страниците беше објавена следната вест на римската „Ла Република“ – претставници на Манчестер Јунајтед стапиле во контакт со агентот на Мота и побарале детални информации за неговите планови за иднината, но и за неговиот стил на работа, фудбалската визија итн.

Мота е тренер на тимот од стадионот „Ренато дал Ара“ од 12 септември 2022 година, а договорот му истекува на крајот од оваа сезона, во која има скор од 16-10-5 во лигата и заостанува само четири бода зад Јувентус.

Буџетот на Болоња за првиот тим оваа сезона е нешто повеќе од 37 милиони, додека тренерот на „Старата дама“ Макс Алегри води тим кој чини 220 милиони евра.

Слични содржини