Членот на Динамо Загреб и воедно хрватскиот репрезентативен напаѓач, Бруно Петковиќ е голема трансфер цел на Манчестер Јунајтед, пренесуваат англиските медиуми.
Искусниот 29-годишен голгетер игра фантастична сезона во која со седум постигнати голови е најдобар стрелец на Конференциската лига, а притоа додаде и девет голови и три асистенции во хрватското првенство па го примами интересот на „црвените ѓаволи“.
Скаутите на Манчестер Јунајтед присуствувале на „Максимир“ и во живо го гледале новиот потенцијален фудбалер и наскоро се очекува да бидат започнати преговори за трансфер.
Динамо Загреб се соочува со финансиски проблеми и по крајот на сезоната се очекуваат заминувања од Загреб, а несомнено еден од нив ќе биде и Петковиќ.
Како што е познато за екипата на Динамо настапуваат двајцата веќе екс македонски репрезентативци, Стефан Ристовски и Аријен Адеми