Манчевска: Менталното здравје е тесно поврзано со околината во која живееме, да изградиме систем на хумани вредности

Психологот за „Локално“ појаснува дека е многу важна едукација на населението во однос на тоа на кој начин можат да изградат резилиентност или отпорност за справување со стресни ситуации.

од Бисера Трајковска
8 прегледи

По повод Светскиот ден на менталното здравје, психолот Радмила Манчевска за „Локално“ вели дека треба да изградиме систем на хумани вредности, и средина во која што ќе има почитување, еднаквост и одговорност, а не средина во која што ќе вкладее корупција, мито и селективност.

-Менталното здравје е тесно поврзано со околината во која што живееме и треба да го разбереме во поширок контекст, затоа што опфаќа повеќе области од пошироката општествена заедница.Треба да изградиме систем на хумани вредности. Мислам дека најважно во однос на менталното здравје се ставовите и уверувањата кои ги имаме, додава Манчевска.

Соред Манчевска, превенцијата е најисплатлива.

Тука, како што додава, спаѓа и едукација на населението во однос на тоа на кој начин можат да изградат резилиентност или отпорност за справување со стресни ситуации.

Таа посочи дека треба да вложуваме во интервенција и превенирање на сите други видови на психолошки состојби, не само на депресијата.

Б.Т.

Слични содржини