Во рамки на описот на една фотографија објавена на својот фејсбук профил, режисерот Милчо Манчевски, посочи дека никој не ни е крив за она што ни се случува во внатрешноста, со други зборови.
Имено, од следната фотографија може и самите да донесе заклучок, иако е и повеќе од јасно за што се работи.
Режисерот јасно сака да укаже на еден од недостатоците, имено на фотографијата се забележува лице во инвалидска количка кое е приморано да се движи по коловозот поради паркираните автомобили на тротоарот, а фотографијата направена во центарот на Скопје.
На ова, режисерот напиша:
„Криви се Бугарите. И Грците. И Тито. И пусто турско. И ЕУ. И вакцините. И 5Г. И како тоа ти нè прикажуваш!“, напиша Манчевски покрај фотографијата која почна масовно се споделува на сите социјални мрежи.
Криви се Бугарите. И Грците. И Тито. И пусто турско. И ЕУ. И вакцините. И 5Г. И како тоа ти не’ прикажуваш!
Posted by Milcho A. Manchevski on Среда, 09 декември 2020