Манчевски: Бев посочен како „проблем на Македонија“ и се уште сум тој ист „проблем“

331 прегледи

Во своето гостување во 24 анализа, македонскиот режисер, Милчо Манчевски посочи дека и тоа како политиката е дел од културата и во рамки на тоа наведе лични искуства, поради што често е карактеризиран како противник на одредени ставови.

„Секој кој остварил резултат или ветил дека ќе оствари треба да биде поддржан. Прашањето е како ќе се реализира вложувањето во уметноста. Сметам дека после година две треба да се видат и резултатите и да се оди во тој поглед точка по точка. Бидејќи тема на разговорот се парите, никогаш не ги гледаме резултатите. Од петте филма кои ги работев, а учествуваше Македонија, тие земале учество со 30%, додека останатите средства се од странски приливи. Во „Пред дождот“ учествуваше Македонија со 7%. Во тој поглед, и следниот филм ќе има спонзорство и прилив на средства од странство повторно. Политиката поставува директори, а директорите одлучуваат кој и како ќе работи. Претходниот директор на Агенцијата за филм, посочи дека Манчевски не е негов проблем, туку проблем на Македонија и оттаму никој не се огради од ваквиот став. Владата и покрај тоа што му истече мандатот не го разреши, настрана што тој доби кривични пријави од доста страни, како и дипломатска нота од Хрватска, и тука е очигледна таа врска помеѓу политиката и културата“, истакна Манчевски.

Слични содржини