Инстаграм моделот Пејџ Вулен им помага на жените да ги фатат своите партнери кои ги изневеруваат. 26-годишната убавица од Калифорнија собра повеќе од 207 илјади следбеници на Инстаграм, а исто така има и посебна сметка на која документира несоодветни и „лигави“ коментари на мажи.
Манекенката го искористила својот изглед за да фати измамници, а неодамна откри и како започнала со тие постапки.
Како што вели, забележала дека голем број мажи кои и праќаат приватни пораки имаат фотографии со девојки на своите профили.
Тогаш се запрашала дали тие девојки знаат дека нивните партнери испраќаат пораки до полуголи модели на Инстаграм, па затоа решила да им понуди помош за фаќање на партнери во афера.
– Мислам дека си симпатичен. Би сакала да се видиме, ако си слободен, се разбира – му напиша таа.
– Јас сум прилично слободен, дали имате Snapchat? – одговори тој.
Фатила уште неколкумина како лажат, а некои ја навредувале и ја нарекувале проститутка.