Верувале или не, но најновиот тренд во светот е да се омажиш или да се ожениш за себе. Нема похармонична верзија на бракот, освен ако немате тенденција да се карате со себе или да се изневерувате.
Имено, сологамијата или бракот со себе е почеста појава отколку што мислиме, а луѓето ширум светот се колнат во себе на вечна љубов и ја велат познатата реченица „во добро и зло, додека смртта не не раздели“.
Поради љубовта кон себе, и Крис Галера, модел и инфлуенсерка од Бразил, се одлучи за ваков тип на венчавка.
– Не се срамев, одлучно застанав пред црквата. Се нашминкав и си ја средив косата. Сите ме гледаа, бидејќи немав личност до мене со која ќе се венчам – изјави Крис за својата венчавка.
За оваа пригода, Галера носела прекрасен фустан со деколте, а бидермаерот одлучила да го фрли на случајни минувачи.
– На повеќето луѓе им се допадна и беше интересно да се види. Мислеа дека се шегувам, но навистина се омажив за себе. Ми беше интересно кога жените дофрлуваа да го направат истото – рече оваа жена и додаде дека илјадници мажи и се додворуваат секој ден на социјалните мрежи.
– Ви благодарам момци, но не ме интересирате – одговори таа на нивните понуди.
Крис призна дека ја донела оваа одлука поради неуспешни врски и измами од нејзините поранешни партнери.
– На сите мои партнери не им се веруваше и јас бев повредена неколку пати. Сакам да сум приоритет, а сега дефинитивно сум – рекла Галера.
Меѓутоа, како што вели, не ја исклучила целосно можноста еден ден да се смири со својата сродна душа.
– Ако се појави мажот на мојот живот, тоа не значи дека ќе се разведам самата од себе. Че го ставам мојот партнер на второ место, бидејќи првото е засекогаш резервирано за мене – заклучи таа.