Манекенката Емили Ратајковски пред две години изненадно се омажи за филмскиот продуцент Себастијан Бер МекКларда, за кој дотогаш не се знаеше дека ѝ е момче.
Парот се венчаше во матично, а невестата наместо венчаница носеше жолто одело од Зара, кое стана голем хит.
https://www.instagram.com/p/B86oNh2BNER/?utm_source=ig_embed
Манекенката тогаш на Инстаграм објави фотографии од венчавката, а сега годишнината ја прослави со необјавена снимка од моментот кога кажала да и нивниот прв бакнеж.
https://www.instagram.com/p/B86gm79hlZs/?utm_source=ig_embed
„Би се омажила за тебе пак и пак….“, напишала Емили под романтичното видео.
Со видеото, Емили објавила и галерија со нови фотографии од венчавката со која на својот сопруг му посакала дека го сака се повеќе и повеќе.