Манекенките со нормална тежина ja зголемуваат продажбата

од Vladimir Zorba
84 прегледи

Моделите чии мерки се приближни на оние на обичните жени, ја зголемуваат продажбата на облека и додатоци, покажува истражувањето од “Јуропиан џурнал оф маркетинг”, цитирано од списанието “Ел”.20100318_dove_560x375

Иако традиционално манекенките се исклучително слаби, неодамна наметнаа во голем број земји во светот забрани за премногу слаби модели, кои можеби ќе помогнат во бизнисот на модните компании.

Британските научници извршија серија студии врз жени меѓу 18 и 25 години. Тие им дале модни фотографии, наменети за маркетинг кампања. На дел од нив моделот бил со конфекциски број 0, а на други – со просечна големина, сличен до мерките на испитаните жени. Се покажало дека кога станува збор за модни компании, чии имиња не ги слушнале, дами ги сакаат рекламите во кои манекенките се со нормална тежина.

Што се однесува до познатите брендови, разлика во мислењата немало. Самодовербата на жените сепак исто така се одразила на нивното мислење – дамите со пониска самодоверба дефинитивно ги сакале производите рекламирани од жени чии тела личат на нивните.