Маневски: Немам коментар, прашајте ги тие што ги објавуваат снимките

од Vladimir Zorba
87 прегледи

Поранешниот министер за правда Михајло Маневски не сака да ја коментира ниту автентичноста ниту содржината на снимките што ги објави СДСМ, меѓу кои, како што соопшти Зоран Заев, е и разговор меѓу Маневски и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

– Немам, немам коментар. Прашајте кај ти што ги објавуваат снимките – вели Маневски./+Инфо