Манфред Вебер ќе иницира разговори со Орбан

од desk2
87 прегледи

 

Лидерот на Европската народна партија Манфред Вебер, ќе иницира разговори со унгарскиот премиер Виктор Орбан за прашањата врзани со членството на партијата на Орбан Фидес во ЕПП.

Портпаролот на унгарскиот премиер Берталан Хаваси не сакаше да одговори на прашањето на агенцијата МТИ.

Вебер, како што ишува онлајн изданието на „Велта“ наведе дека сака да „му стави на Орбан до знаење дека во моментот е на пат да излезе од ЕПП“.

Додава дека проблемот не е судирот меѓу Истокот и Западот или околу мигрантската политика“, туку се работ за основните вредности на ЕПП и Европската унија.