266
Конгресот на Европската народна партија (ЕПП) го избра Манфред Вебер за претседател на таа партија во Ротердам, објави ЕПП на својата веб-страница.
Според соопштението, Вебер, кој го наследи Доналд Туск на таа функција, добил 447 од 502 гласа.
Вебер рече дека е горд што е избран за претседател на најголемата политичка партија во Европа и што може да ги следи стапките на лидерите на ЕПП како што е Туск, се наведува на веб-страницата на ЕПП.