Manhart Ford Bronco BC 400

од Vladimir Zorba
259 прегледи

Во понудата на тјунинг куќата Manhart е и пакет за Ford Bronco, иако е ограничен на само 10 комплети.

За почеток, неговиот 2,7 литарски EcoBoost мотор има 310 kW/421 КС и 680 Nm вртежен момент, што е за 64 kW/86 КС и 117 Nm повеќе од основната единица.

Има и нов издувен систем, 35-инчни Renegade R7 теренски гуми, 22-инчни црни Manhart тркала, Brembo сопирачки (380 mm), жолти клешти на сопирачките, црни налепници на надворешноста Sun Yellow, широки браници во боја на каросеријата и затемнети стакла , како и кожа и алкантара во внатрешноста (жолто-црна комбинација).

Во кратката вест Manhart не ја наведува целосната цена за Bronco BC 400, познато е само дека тркалата и гумите на прикажаниот пример чинат 9.350 евра.